Стефан Димковски, која првосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо го возеше до Турција, пуштен е од притвор и му се одредени алтернативни мерки на обезбедување.

Оваа одлука, како што наведуваат од Јавното обвинителство доаѓа откако тој мина три месеци зад решетки и повеќе нема основ да биде во затворски притвор.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.