Од изработени 56 примероци позитивни на Ковид-19, 33 се позитивни на сојот омикрон, што изнесува 59% од позитивните примероци, информираа вечерва од Министерството за здравство.

Сојот е детектиран кај 16 пацинети од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани, додаваат од МЗ.

Како што соопштија од Министерството, кај тројца пацинети од Скопје истовремено е детектирана комбинација од грип и коронавирус, наречена флурон.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 1.375 нови случаи на ковид-19 од направени 7.188 тестирања. Во изминатото деноноќие има две починати лица, по едно од Скопје и Кавадарци. Дополнителни според Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште две лица, по едно лице од Тетово и Делчево.