Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, информираат од МЗ.

Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци, соопшуваат од МЗ.