Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Владата утврди дека се воведува кризна состојба во Дебар и Центар Жупа.
-Стабилни се сите, освен патничката од Дебар, жената која стигна од Италија. Таа е на пат да биде ставена на апарат. Сите останати тестирани негативни. Денес уште 10 лица тестирани од Дебар четири позитивни. Еден патник е стигнат од Германија на Скопски аеродром бил со температура. Тој се тестира и луѓето кои седеле околу него- вели Филипче. Целосно се почитува забрана за влез на лица од земји со висок ризик- вели Филипче.