Согласно со Законот за празниците на РМ, следен неработен ден е 8 септември (четврток), Ден на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Во 2022 година, на сите македонски граѓани им останува уште еден продолжен викенди.

Продолжен празничен викенд има во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година остануваат уште овие неработни се:

За сите граѓани на РМ: 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.