Првата претседателска телевизиска дебата пред одржувањето на вториот круг изборите ќе биде организирана утре на ТВ21. Кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова утре (30.04.2024) година ќе бидат гости во студиото од 21 часот и 15 минути.
Секој кандидат на почетокот од дебатата ќе може да ја презентира својата програма во времетраење од 4 минути, а потоа следуваат прашања од различни области. Секој има право на одговор во времетраење од 90 секунди и право на реплика од 30 секунди.
Сподели
Facebook