Владата денеска ќе одржи седница. Меѓу точките на дневен ред е и предлогот на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението.

На предлог на Министерството за здравство на седницата, како што информира владината прес служба, е најавена и Предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2022 година.

За заклучоците и одлуките од седницата јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.