Ефикасноста на руската вакцина „Спутник В“ против варијантата омикрон изнесува 75 отсто, соопшти денеска директорот на епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, Александар Гинтсбург. Тој додаде дека доколку личност се ревакцинира со „Спутник Лајт“, тогаш заштитата може да достигне и до 100 отсто.

Во обраќањето на Меѓународниот Конгрес за репродуктивна медицина, Гинтсбург појасни дека луѓето кои не примиле засолувачка доза вакцина, ефикасноста на вакцината против коронавирус на Спутник по шест месеци од примањето била 56-57 отсто.

– Значи, јасно е дека препораките на Министерството за здравство за потребата луѓето да се ревакцинираат со Спутник лајт на секои шест месеци се целосно оправдани и поткрепени со податоци, посочи тој.

Директорот на институтот Гамалеја уште оцени дека може да се каже дека во моментов имаат многу ефикасна вакцина, која може целосно да го заштити населението.