Сите кои скенирале фискални сметки во изминатото тромесечје април-јуни, парите на трансакциска сметка ќе ги добијат во текот на неделава, соопшти УЈП.

Како што соопштија за ова тримесечје, очекуваниот поврат е 858 милиони денари и ќе бидат исплатени на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за периодот април – јуни 2024 година.

Околу 6.500 граѓани имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка.

УЈП исто така наведе дека:

-Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа недела.
-Парите ќе ги добијат близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата.
-Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација.

УЈП апелираше сите кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка, најбрзо да ја внесат точно својата ЛИЧНА трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот!