Во „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва (11 мај 2020 г.) од 22 часот:
-Наместо да казнуваат, полицајци пазарат заедно со оние што го кршат полицискиот час – тајно го снимавме односот на полицијата во Скопје и во Тетово за време на забраната за движење;
-Зошто во Куманово има најголем број починати од ковид-19 во земјава, повеќе и од Скопје;
-До каде се плановите за повторно отворање на градинките: се повеќе родителите се под притисок да обезбедат згрижување на децата за да се вратат на работа;
-Што е „итен случај“ за интервенција на стоматолог во епидемија на ковид-19: трпат и пациентите и стоматолозите;
-Како ќе изгледа „новата нормалност“ – интервју со постојаната координаторка на Обединетите Нации во Северна Македонија, Росана Дуџиак;
-„Саботажа“.