Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (8 октомври 2021 г.) од 21:20 часот на ТВ Алсат
Во вечерашната емисија на „360 степени“ ќе се соочат кандидати за градоначалници на Град Скопје.

Гостуваат шестмина кандидати: кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, Ана Петровска од граѓанската коалиција „Зелен хуман град“, Петар Георгиевски – Камиказа, кандидат на „Левица“, Александар Тортевски од „Твоја партија“ и Арбен Шаќири – Бени од Коалицијата „Одлучно за промени“.

Пред почетокот на емисијата, чие снимање е во тек, со жрепка беше одреден редоследот по кој кандидатите за градоначалници ќе одговараат на прашања и ќе ја претстават изборната програма.