Денес, заедно со Марин Докузовски – носител на листа на кандидати за советници на Општина Карпош, остваривме средба со експерти – професори од Технолошко – металуршкиот факултет – Скопје, со седиште во општина Карпош како и со претставници на Здружението на металурзи на Македонија со кои разговаравме за понатамошна идна соработка во областа на екологијата, мапирање на потенцијални загадувачи на територија на општина Карпош и помош со оптимизација на производствените процеси со цел намалувањето на загадувањето на воздухот, водата и почвата, истакна Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.

На работната средба се дискутираа и можностите за ангажирање на стручни лица во процесите на изработка на предлог проекти за третман на отпадот создаден при производствените процеси. Исто така се посочија и отворените можности за доквалификација на вработените во потенцијалните загадувачи на територија на општина Карпош со што ќе се обезбеди соодветно квалификуван кадар за справување со проблемите на загадувањето и намалување на истото.

„Како иден градоначалник на Општина Карпош, превземам обврска за промоција на програмите во рамки на Технолошко – металуршкиот факултет, со цел зголемување на интересот на средношколците од општина Карпош за изучување на овие научни дисциплини, кои се од огромно значење не само за општината тука и за државата во целост“, посочи Весковски.