Душко Весковски преку соопшти дека денеска завршува неговиот ангажман како генерален директор на ЈП Водовод и канализација.

Ми претставуваше чест и задоволство што во изминативе четири години бев на чело на ЈП Водовод и канализација –Скопје, истакна Весковски.

„Би сакал да ве известам дека денеска затворам едно успешно поглавје во мојата професионална кариера на која сум исклучително горд.

ЈП Водовод и канализација – Скопје во изминативе четири години стана препознатливо по голем број на проекти и активности кои поставија нови стандарди и вредности во функционирањето на јавните претпријатија во градот Скопје.

Започнавме со реализација на најголемиот еколошки капитален проект во државата, а тоа е изградба на станицата за пречистување на отпадни води за градот Скопје. Ја обновивме механизацијата со најсовремени возила за извршување на работните задачи во претпријатието. Го дигитализиравме претпријатието и во време на здравствена пандемија со Ковид 19 успеавме да го приближиме и олесниме начинот на комуникација со нашите корисници. Инвестиравме многу во нашата лабораторија која е единствена во државата што врши различен вид на испитувања поврзани со квалитетот на водата. Ние сме прво јавно претпријатие кое користи биоразградлива хартија за внатрешна и надворешна употреба, а истовремено и доставува сметки печатени на ваков тип на хартија. Изминативе години и покрај сите предизвици како здравствени така и економски, успеавме да постигнеме позитивни финансиски резултати, а воедно сме и најтранспарентното претпријатие.

Искрено се надевам дека овој тренд на развој на претпријатието, што е резултат на посветената работа на целиот раководен тим и сите вработени во претпријатието, ќе продолжи и во иднина.

Воедно, ви посакувам среќни новогодишни и божиќни празници“, посочи Весковски.