Денеска со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Битола заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски ќе одржат работен состанок со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски во врска со настанатите штети од земјотресот во Битола.

По завршувањето на состанокот во 13:00 часот предвидени се изјави за медиуми.