Полицијата прогледува низ прсти ако во време на полициски час се движите без дозвола. Такво искуство имавме ние, кога пеш по скопските улици проверувавме дали полицискиот час е во полна сила или стана само формалност. Намалени се и патролите низ скопските улици. Доколку се движите со возило, пак, полицијата не замерува ако сте без маска, иако со владина уредба тоа е задолжително, ако возачот не е сам во возилото и не се вози со семејството. Казната за ваков прекршок е 20 евра, се вели во сторијата на 360 степени.
Во некои делови од Тетово, пак, полицискиот час како воопшто и да не е во сила. Деца во групи си играат во дел од маалските улички до доцна во ноќта. Во локална продавничка забележавме врволица од луѓе, нешто по 23 часот. Меѓу муштериите имаше и полиција – сите без маски на полноќен „шопинг“. А во сила е полициски час.
Погледнете ја сторијата на Славица Филиповска и Зоран Јованоски.