Претседателот на ОО на СДСМ Пробиштип, Драган Анастасов, на прес конференција го обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев дека вчера при посетата на Пробиштип излажал дека посетил неколку фабрики.

-Во присуство на неколкумина свои сопартијци дрско лажеше дека посетиле неколку фабрики, производствен капацитет и разговарале за состојбите во нив. Освен партискиот состанок во Пробиштип, кафе дружбата на градскиот плоштад со неколкумина малолетни сограѓани, Игор Јанушев никаде не влезе, рече Анастасов.