Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, во Крива Паланка го пуштија во употреба новиот градски плоштад и градски парк.

Се работи за целосна реконструкција на плоштадот, практично нов плоштад, со зачувување на автентичните обележја. Изградбата опфаќаше партерно уредување, асфалтирање, поплочување со бекатон, изградба на мал амфитеатар, целосна замена на комуналната инфраструктура, користење на старата коцка и зачувување на градската фонтана.

03092021_zpvrsm_nikolovski_zpvrsm_bitikji_nov_gradski_ploshtad_kriva_palanka_6

Вицепремиерот Битиќи, истакна дека со реализација на потпроектот кој денеска се промовира во Крива Паланка наречен „Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка дестинација)“, градот ќе биде уште поубав и поинтересен за посетителите.

03092021_zpvrsm_nikolovski_zpvrsm_bitikji_nov_gradski_ploshtad_kriva_palanka_1

„Овој потпроект се реализираше во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е во вкупна вредност од околу 21 милион евра, а е финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија, при што се реализираа 57 потпроекти во 10 различни дестинации во нашата земја. Потпроектот е во вредност од 48,1 милион денари или 800 илјади евра, а во Крива Паланка ќе бидат реализирани уште три одобрени проекти, кои се финансирани со средствата од Владата, од таканаречената ТАВ Програма, со вкупен буџет од 29,6 милиони денари, или околу 480 илјади евра, а истите вклучуваат реконструкција и изградба на локални патишта во рамките на општината, со што значително ќе се подобри инфраструктурата на истата”, потенцираше вицепремиерот Битиќи, по што додаде дека за уште поголем развој на компаниите во помалку развиените општини во Законот за финансиска поддршка на инвестиции воведена е мерка со којашто уште посилно се поттикнуваат инвестициите кои не се случуваат во Скопје.