Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, со солзи во очите сведочеше за последиците од коронавирусот во градот.

Зборувајќи дека дел од оние со кои контактирал се веќе починати, градоначалникот го совладаа и емоциите.

-Кога сте во ваква ситуација човек заклучува дека единствената сигурна работа во животот на која што може да се потпре е семејството. Нормално е да се има емотивна реакција кај сите и да се чувствува несигурност, бидејќи се соочуваме со една непозната болест која што зема некои од луѓето кои претходно ги контактирав и искрено жалам за тоа- низ солзи објасни Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово, пред 6 дена објави дека е позитивен на Ковид 19.Тој на својот профил напиша дека ги охрабрува граѓаните заедно и дисциплинирано да продолжат во борбата против оваа заедничко зло.