Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести, информираше министерот за здравство Венко Филипче порачувајќи му:

Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот. – порача Филипче.