Денот пред Бадник одбележан на новиот градски плоштад во Крива Паланка.

Со коледарската песна и посна трпеза, со топли срца и насмевки го одбележавме денот пред Бадник, а коледарчињата ја најавија светлината на Христовото раѓање. Претстојните празници нè сплотуваат. Суштината на живеењето се семејните вредности и семејството како најважна алка во општеството, велат од општина Крива Паланка.
-Да ги негуваме овие вредности, да живееме по Божја промисла и по мерка.
Нека се за многу години празнувањата и делењето радост!, порача градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.