Христијан Мицкоски е 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија е 20. влада од осамостојувањето на државата.
Доцна синоќа Собранието ја избра новата Влада на чело со Христијан Мицкоски. Тој во свечената изјава кажа: „Ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија“, а во завршното обраќање неколку минути пред гласањето, кажа дека нема да го избегне спомнувањето на уставното име.
Тој претходно кажа дека во моментов е немоќен нешто да стори околу ова, зашто Уставот со ова име на државата мора да се почитува, но дека останува посветен на Преспанскиот договор.
„Ќе ја кажам срамната придавка во заклетвата оти тоа мене лично ме потсетува на срамот што ми го нанесовте мене, на моето семејство и деца и неродени внуци. Ќе правам сè што можам да ја исправам оваа грешка, иако за жал, сега сум немоќен оти е дел од Уставот и законите“, кажа Мицкоски.