Премиерот Димитар Ковачевски беше на заеднички ручек со студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

„Студентите се иднината на оваа држава!
Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив.
Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард!“, истакна Ковачевски.