Одмазда е мотивот за трагедијата што се случи вечерва кај Глоѓане на Косово во која загинаа најмалку четири лица, пренесуваат регионалните медиуми.

Како што јавува српски Курир, пукањето кон автобусот со ученици се случило, откако возачот и кондуктерот го исфрлиле еден од патниците бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа момчето земало калашников и го чекал автобусот по што пукал.

Досега се идентификувани три убиени лица и тоа возачот Гани Ѓокај и учениците од селото Глоѓане Љ.Х.(19) и Г.М.(17).

Убиецот е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.