Со политиките реализирани од СДСМ, државата е стабилна и сигурна, успешно се справува со предизвиците од најголемата светка и економска криза, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Додека СДСМ успешно менаџира со кризата, спроведува мерки вредни 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да блокира.

Деструкцијата на Христијан Мицкоски е обид да се загрози нормалното функционирање на институциите во време на најголема светска криза и да се закочи државата, да се предизвикаат проблеми.

Помина една недела, Собранието и покрај обидите да блокади на Мицкоски функционира. Ништо не се постигна освен што се одолговлекуваше дневниот ред, се создаваше хаос на седниците. ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо“, истакна Кузеска.
„СДСМ и мнозинството покажаа како се работи за граѓаните, блокадите на Мицкоски во Собранието се поразени.

Наместо за интересот на граѓаните и државата Мицкоски се бори единствено за сопствената фотелја во белиот дворец. Постои незадоволство од неговата работа внатре во партијата заради неговата неспособност.

Ваквото деструктивно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ново, можеме да кажеме дека е тоа одлика на оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ така се однесуваше и кога државата се справуваше со последиците од пандемијата со ковид 19, и кога се носеа пакетите за помош, така се однесувше и кога СДСМ ја покачуваше минималната плата, пензиите.

Дури и кога се стратешките интереси на земјата и иднината на земјата го гледаме истото однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работеа против Преспанскиот договор и членството во НАТО“, посочи Кузеска.

Кузеска потенцираше дека до пред само 5 години државата беше изолирана, заробена од режимот, скарана со соседите, а општеството беше поделено по речиси сите основи каде тензиите и конфликтите беа секојдневие.

„СДСМ преку одговорните политики ја врати државата на европскиот пат, ја реализиравме стратешката цел – членство во НАТО, ги вративме слободата и демократијата и започнавме со градење на едно општество за сите.

Денес, благодарение на политиките на СДСМ живееме во држава која е пријател и партнер на регионот и демократскиот свет, денес македонскиот јазик и идентитет за потврдени и трајно заштитени.

Соочени со нови предизвици, СДСМ е повторно на страната на државата и на граѓаните“, нагласи Кузеска.