Партнерскиот однос кој го градиме со земјоделците продолжува, истакна Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3.
„Заложбата на СДСМ во следните 4 години е јасна, создаваме модерно и конкурентно земјоделство! Силната поддршка кон сите земјоделци, градинари и сточари ќе продолжи да расте уште повеќе:

✅Обезбедуваме годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра.

✅ Воведуваме целосно субвенционирање на „зелената нафта“ за нашите земјоделци.

✅ За да обезбедиме сигурен пласман градиме три нови откупно-дистрибутивни центри во државата.

✅ Поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки продолжува уште повеќе и уште подобро.

✅ Обезбедуваме и субвенционирање на платите од 3.000 денари на нововработени работници во земјоделско стопанство помлади од 25 години.

Можеме! Уште повеќе. Уште подобро“, посочи Николовски.