Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изгледа се позбунет на прес-конференциите кои ги држи за да ги обвини сите други, освен себе си, партијата и нејзиниот почесен претседател Груевски.

Овој пат Мицкоски, во сета своја деструктивна реторика, го изјави следново: „Политичарите треба да бидат надвор од политиката“! На што мислел, или можеби алудирал на самиот себе си дека, иако се доживува како политичар, треба да биде надвор од политиката, останува непознато!