Аналитичарот Алберт Муслиу во дебата за „360 Степени“ зборуваше за калкулациите во пресрет на парламентарните избори и можноста за формирање идна влада.
„Не верувам дека ВМРО ќе оди со тој наратив бидејќи тоа го направи во текот на претседателските избори, во текот на парламентарните избори во 2016 година кога ги оспоруваше гласовите дали се македонски и тоа донесе голем јаз помеѓу ВМРО и можноста за соработка со албанските политички партии. Ако оваа форма може да се покаже како успешна, ВМРО нема да има избори во иднина да планира предизборна коалиција што со таков наратив ќе ги оневозможи, ќе ги намали или пак ќе ги зголеми барањата на евентуален партнер во иднина. Кога сме кај бројките, се согласувам со Сефер, ова е втората грешка, гласачите на Алтернатива и Беса не покажаа подготвеност и на изборите во 2016 година да се спојат и на крај излезе дека имаа повеќе гласови заедно додека разделени имаа помалку од ДУИ, иако бројот на пратеници на албанската опозиција беше ист. Сега не покажаа некаква визија, иако имаа најави дека со евентуална победа, тие повторно би соработувале во една идна влада ако владата е СДСМ-Беса, од друга страна можниот партнер Алијанса-Алтернатива, повторно ќе соработуваат. Мислам дека направија стратешка грешка што не одлучија од почеток бидејќи бројките ветуваа многу, дури тие беа сериозна конкуренција на ДУИ, тука е втората грешка која ја прават и не ги концентрираат гласовите пред изборите“, вели Муслиу.