Емисијата „360 степени“, во која гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, се емитува вечерва (4 декември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат

Во „360 степени“ вечерва (4 декември 2020 г.) гостува претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со кого разговараме:

-зошто пратениците од коалицијата Алијанса – Алтернатива се против овозможување онлајн-учество во работата на Собранието на пратениците што се во изолација;

-која е неговата оценка за интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС кое предизвика многу реакции во земјава и за протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица;

-дали Алијанса ќе прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори;

-треба ли во април следната година да се одржи попис и дали Алијанса има забелешки на предлог-законот.

Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.