Кога се има волја нема пречки – и покрај целата криза со пандемијата на коронавирусот Европската унија најде начин како да донесе одлука за Македонија конечно да почне преговори.
И додека здравствената криза не успеа да се испречи на европскиот пат на земјава, таа и тоа како ќе предизвика сериозни влијанија врз економскоте текови.
На овие теми ќе се зборува вечерва во Агенда35 на МТВ1.
* Македонија конечно доби зелено светло, ама патот нема да биде лесен – земјава ја чекаат коренити реформи во сите општествени области
*Какви економски потреси донесе и допрва ќе носи пандемијата?
*Што презема ЕУ за да си ги заштити своите граѓани? Ви ги презентираме мерките преземени од европските лидери
*Како се користи современата технологија: роботи и дронови во борба со вирусот
Седете дома и гледајте Агенда 35: