Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое, меѓу другото, објавуваме интервју со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, се емитува вечерва (17 декември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат

Во ова издание зборуваме за блокираниот пристапен процес на земјава кон Европската Унија и дали и кога има изгледи за напредок. Во првиот сегмент од емисијата гостува Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, која за две недели го презема претседавањето со Советот на ЕУ. По неуспехот во декември под палката на словенечкото претседателство, погледите се вртат кон Париз со прашањето колку претседателот Емануел Макрон е подготвен да се вложи во олеснување на дијалогот меѓу Софија и Скопје за во текот на следните шест месеци да се случи пробив. И дали шансите за такво нешто се поголеми во првите месеци од француското претседавање или пред летото откако ќе поминат претседателските избори, ако се земат предвид и изјавите на новиот бугарски премиер Кирил Петков во кои зборува за шестмесечен процес за воспоставување дијалог во повеќе области. По интервјуто со амбасадорот, на истата тема ќе разговарам со двајца експерти во областа на евроинтеграциите – Симонида Кацарска од Институтот за европска политика и Зоран Нечев од Институтот за демократија. На крај е и новата „Саботажа“.