СДСМ континуирано и посветено работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работницит, изјави на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Во изминатите 4 години просечната плата порасна за 6.000 денари. Во истиот период ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 15.400 денари. Ќе ја зголемиме и на 18.000 денари.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се обврза и ќе обезбеди донесување на измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто“, посочи Николова.
„Работниците и синдикатите се во право кога бараат деблокирање на законите кои се во интерес на работниците.

Меѓутоа, како што е познато, пратениците од опозицијата во изминатиот период упорно го блокираа донесувањето на измените на Законот за работни односи и на други законски решенија во интерес на работниците.

Ним воопшто не им е грижа за работниците и нивните права, тие се желни за гола власт, што впрочем и го покажаа, пред целата јавност, со своето однесување изминатите денови.

Недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период.

Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени.

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“, потенцираше Николова.