“Источниот регион со брзо темпо оди напред, а напред оди и Крива Паланка. Многу завршени проекти, многу проекти што се во тек, но не чека и многу работа во наредниот период. Пред моите сограѓани од Крива Паланка давам збор меѓудругото и за два клучни проекти во наредниот период. Се обврзуваме да спроведеме гасификација до секој дом, за да ја зачуваме животната средина, за да имаме подобар стандард преку поевтин ресурс за греење. И конечно Крива Паланка ќе го добие зимскиот центар на Калин Камен. Затоа што нашите граѓани заслужуваат да се инвестира во нив, да се инвестира во туризмот, во развојот. Крива Паланка и целиот Исток не се веќе заборавени. Во нив се инвестира за и тие да се развиваат заедно со целата држава. Затоа на 15 јули ве повикувам сите масовно, почитувајќи ги мерките за заштита, да излезете на гласање и да се определите за бројот 3 за СДСМ и Коалицијата Можеме, затоа што носиме безбедна, стабилна и економски просперитетна иднина.” – беше одговорот на Николовски за тоа кои се проектите на кои ќе се фокусира идната извршна власт за Крива Паланка.