Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го најави завршувањето на најголемиот проект на Владата во, како што рече, неговиот регион – Крива Паланка.
Станува збор за комплетната реконструкција на државниот пат Крива Паланка – Деве Баир.
-Горд сум што успеавме. Некогаш беше заборавен, а денес благодарение на силните заложби и многу работа, ова е пример за модерен и европски пат. Оваа инвестиција од над 13 милиони евра е порта за поврзување и за развојот на Крива Паланка, порача Николовски.
– Зборот е збор. Нека е со среќа!, порача министерот Николовски споделувајќи видео од новиот изглед на овој дел од кривопаланечко.