Љупчо Николовски, носител на изборна единица 3 и генерален секретар на СДСМ, со видео објава преку својот Фејсбук профил ги поздрави граѓаните од едно од најубавите македонски села, Лесново, Пробиштип, а на своите поддржувачи им се заблагодари за довербата и силата која му ја даваат.
“Денеска ве поздравувам од едно од најстарите македонски села, Лесново во Пробиштип.
Да знаете дека многу ми значи поддршката што ми ја давате. Сам човек не може ништо да направи, а ако сум направил нешто да ја заслужам ваквата доверба и сила која ми ја пружате, да знаете дека во иднина истото ќе го кренам на уште повисоко ниво!
Еве како пројде денешниов ден, погледнете и продолжете да ме следите. Ви благодарам!
Ви благодарам!” – напиша Николовски.