Нека е за многу години големиот христијански празник Воскресение христово – Велигден, истакна во видео обраќањето генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод денешниот празник Велигден.
„Посакувам возвишеноста на овој ден да донесе благословени празнични денови, среќа и спокој за секој верник, за вас и вашите семејства.
Нека овој голем христијански празник ги исполни вашите срца и вашите домови со добрина и љубов.
Христовото саможртвување да ни биде водилка за човековите вредности кои ги споделуваме.
Да ја славиме победата на животот, победата на вербата и победата на доброто, на праведното.
Затоа што Велигден е олицетворение на новите почетоци, на надежта, но и на правичноста и солидарноста.
Ви посакувам добро здравје и духовна сила. Да ја шириме таа добрина, и надеж на Воскресението христово.
Христос Воскресе – навистина Воскресе!
Честит Велигден!“, рече Николовски.