Љупчо Николовски, носител на ИЕ 3 и генерален секретар на СДСМ, во своето гостување во Утрински брифинг, истакна дека проектите на СДСМ се реални и изводливи бидејќи пари во државава има, но клучно е домаќинското работење, кое Владата на СДСМ за мандат од само 2,5 години го покажа на дело. Николовски воедно истакна дека СДСМ и коалицијата водат позитивна кампања и дека е исклучително изненаден од фидбекот кој го добива од јавноста и познаниците.

“На овие избори граѓаните имаат лесен избор бидејќи буквално нема втор концепт кој јасно кажува каде ќе ја носи државата” – истакна Николовски.

Во продолжение, Николовски како предводник на ИЕ 3 додаде дека Истокот од најзапоставуван, станува регион со најголема експанзија на раст и развој.

“Истокот за кратко време од најзапоставуван регион го направивме регион којшто најбргу се развива. Со граѓаните разговараме за сите придобивки и за тоа што ќе го работиме после 15 јули” – истакна Николовски и додаде дека речиси да нема пат на теритроија на источниот регион на кој не било интервенирано.

Запрашан дали ветените 200 милиони евра за земјоделците и 100% зелена нафта на самиот старт на кампања е изводлив во вакви услови на криза за новата Влада која би се формирала доколку СДСМ победи на изборите, Николовски дециден:

“Таква политика е возможна бидејќи тоа е континуитет на сето она што досега го работевме. Ние ветивме и дадовме збор дека ќе има нова мерка за земјоделците – зелена нафта. Го донесовме Законот за измени на законот за земјоделство и рурален развој којшто опозицијата го опструираше бидејќи нив во тие моменти им беше побитно да не одговараат за предметите на СЈО отколку да има повеќе пари кај земјоделците. Веќе втора година по ред, земјоделците, односно над 55 000 земјоделски стопанства добиваат 50% проценти покриеност на зелената нафта за механизација. До крајот на следниот мандат таа поддршка ќе биде 100%. Првата година беше 30% и се покажа како многу успешна мерка, оваа година беше 50%, деновиве веќе земјоделците ќе ги добијат средствата и картичките. Ова се средства коишто никогаш не биле во нашиот буџет, сега има надополнувањеа и повеќе пари за граѓаните бидејќи не градиме споменици, скулптури, не се изнесуваат парите во Белизе. Пари во државата има, работата е како ги користите и трошите. Кога се однесувате домаќински има пари за сите политики.

Повеќе пари се враќаат кај граѓаните, а посебно Истоткот тоа добро го знае бидејќи голема е бројката на луѓето кои добиле државна социјална пензија, зголемување на социјалната помош од 3000 на 11500 денари, на оние кои биле стечајни работници, па сега проблемот им е решен и добиваат надоместок од 8300 денари. Сето тоа е направено во овие 2,5 години, во еден исклучително краток и тежок мандат, во кој покрај крупните политики, основа на она што сме го работеле е да се враќаат што повеќе пари кај граѓаните” – заклучи Николовски.