Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати честитка по повод денешниот празник.

„Нека е честит и вековит 2 август – Денот на Републиката!

Живееме во држава втемелена на вредностите и идеите од Крушевскиот Манифест и Манифестот на АСНОМ – безвременските историски документи кои денес се наша македонска реалност.
Како одговорни граѓани продолжуваме да се водиме од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали.

Чествувањето на денешниот празник нека ни донесе уште многу поводи за славење и денови за паметење!

Нека Илинден биде повод за благодарност кон генерациите пред нас за сето тоа што го имаме и ветување за генерациите по нас дека ќе им ја оставиме државата како подобро место за живеење“, истакна Николовски.