Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски денеска ја најави кандидатурата за втор претседателски мандат.

Според Пендаровски првата и главна причина што се одлучил за таков чекор е што зад себе имал мандат без ниту една направена стратешка грешка, без ниту една корупциона афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со него, неговото семејство, роднини, пријатели или најблиски соработници.

Пендаровски потсети дека во неговиот прв мандат државата станала членка на НАТО и очекува дека во вториот мандат, државата ќе стане земја членка на ЕУ.

„Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата. Очекувам во мојот втор мандат да станеме членки на ЕУ“ порача Пендаровски.