Да, запознаени сме со тој случај, повторно кажувам дека нашата партија ниту иницира, ниту оправдува вакво однесување во било каква институција и повторно апелирам сите граѓани да ги почитуваат мерките, да држат дистанца, да носат маски, а оние кои што не ги почитуваат овие правила да бидат строго казнети, одговори Коста Петров, потпретседателот на СДСМ на прашањето од медиумите за тоа дали е запознаен со случајот во затворот Идризово на којшто меѓудругото се гледаат партиски обележја на СДСМ.