Новинарот Фуркан Салиу од ТВ Клан на својот Твитер профил објави видео во кое разговара со девојката која се појавува во скандалозното видео кое вчера ја потресе целата македонска јавност токму заради бруталните сцени во кои двајца насилници крвнички ја тепаат.

Во разговорот со девојката, таа открива дека видеото е старо два месеца, дека тогаш  ја тепале на две локации и дека со едниот од тепачите била во романтична врска која е веќе завршена.

Во текот на вчерашниот ден дала изјава во полиција, а досега настанот не го пријавила бидејќи наводно добивала закани. Девојката нема ниту медицинска белешка за повредите со оглед на фактот дека не се јавила ниту на преглед во болница во моментот кога се случиле повредите.