Целосно е блокиран влезот за кон општина Арачиново, а цело време местото го надлетува полициски хеликоптер.
Хеликоптерот трага по лицата и автомобилите од кои е пукано денеска.
Според информации од 21ТВ градоначалникот не е повреден, но едно лице е во животнозагрозувачка состојба, а тоа е возачот на градоначалникот Ридван Ибраими.
Фото+Видео: 21ТВ