СДСМ продолжува со инвестиции за подобрување на патната инфраструктура во општина Центар, изјави за медиумите Елвир Шабановиќ, советникот во Советот на општина Центар.

„Започна реконструкција на улицата „Никола Карев“ која заедно со улицата „Есенинова“ ќе го нормализираат сообраќајот во овој дел од градот.

Овој зафат, во вкупна должина од 510 метри, чини 15 милиони денари и целата реконструкција ќе биде готова за 30 дена.

Ќе се скрати времето за движење меѓу општините Центар, Кисела Вода и Аеродром, а велосипедистите и корисниците на останатите видови алтернативен сообраќај – ќе имаат нови велосипедски патеки кои ќе ги спојат вело патеките на булеварите „К.Ј. Питу“ и „3-та Македонска бригада“.

Водени од интересот на граѓаните, обезбедуваме сигурен и безбеден сообраќај за сите граѓани! Инвестираме уште повеќе за да биде уште подобро за сите“, истакна Шабановиќ.