34.000 домаќинства ќе ги опфатиме со гаранцијата за минимална поддршка и помош, посочи носителката на листа во изборната единица 5, Радмила Шекеринска.
„65.000 деца ќе добијат подобро детство и образование, како резултат на детската помош која влегува во семејните буџети.
Ако во овие двеипол години покажавме дека сакаме да градиме праведна држава, и покажавме дека може да се обезбеди.
Во третиот столб – грижа за сите покажавме многу! За само три години ја зголемивме за 300% социјалната поддршка која што ја добиваат најзагрозените семејства“, истакна Шекеринска.