Премиерот Оливер Спасовски во интервју за „360 Степени“ зборуваше за последиците од коронавирусот по економијата и мерките кои ќе ги преземе владата за справување со ситуацијата.

„Вчера одржавме состанок со стопанските комори заедно со економскиот тим на владата и тој тим којшто го предводам ќе биде еден вид на кризен штаб којшто исклучиво ќе се посветиме на економските мерки. Ние веќе разработивме низа на можни мерки коишто би се применувале на краток и на подолг рок. Фискалната стабилност на буџетот е добра во овој момент. Приходите во првите два месеци се добри, дури и зголемени во однос на истиот период од минатата година. Ги следиме сите фискални параметри заедно со Народната банка. Вчера разговаравме бидејќи имаше доставено и предлози, ние сакавме тоа да биде низ разговор, низ партнерство, да видиме што е неопходно за да се помогне на оние кластери или работодавачи коишто се најмногу погодени во овој момент и така ќе носат одлуки. Нема живот и здравје ако нема економија, ниту ќе има економија ако нема живот и здравје“, рече Спасовски.

Спасовски рече дека имаме добра фискална стабилност а буџетот е ликвиден и стабилен. Тој потенцираше дека буџетот на Министерството за здравство е добро димензиониран и може да се справи со состојбата, но доколку е потребен ребаланс на буџетот има можност за тоа.

„Ние сме во комуникација и со меѓународните финансиски институции, ги следиме и нивните препораки и анализи. На дневна состојба ги следиме состојбите и така ќе ги носиме одлуките за мерките“, рече Спасовски.
<iframe width=”720″ height=”400″ src=”https://www.youtube.com/embed/C83SvHN603Y” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>