„Само триесеттина дена беа доволни за јавноста да се потстети на 11 годишното владеење на Никола Груевски и неговото злосторничко здружување. Функционирањето на Министерството за внатрешни работи под палката на техничкиот министер Наќе Чулев, во ништо не се разликува од начинот на кој Гордана Јанкуловска раководеше со ВМРО-МВРО“, рече на денешната прес конференција Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ Прилеп.
„Фотографиите објавени во медиумите, на кои според нив полициски службеник вработен во прилепската полиција шмрка кокаин, потврдуваат дека секогаш кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководат со полицијата, граѓаните со право се плашат за својата безбедност. Бидејќи јавноста мора да ја знае вистината, го повикуваме првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, да одговори во какви релеации е со осомниченото лице“, праша Талевски.
„Исто така, граѓаните очекуваат одговор и од поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, да ја објасни неговата поврзаност со осомничениот.
Нопоставениот началник на ОВР – Прилеп, Трајче Георгиески, кој е директно именуван од Наќе Чулев, има обврска да излезе во јавност и да објасни дали полицаецот кој според медиумите конзумира кокаин, е во неговиот најблизок тим“, истакна Талевски.
„Повеќе од јасно, е дека актуелните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за внатрешни работи, кои се остатоци од криминалниот режим на Никола Груевски, немаат намера да се грижат за безбедноста на граѓаните, а уште помалку да овозможат услови за фер и демократски избори.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат на враќање на режимот, на враќање на ВМРО-МВРО. Граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат“, рече Талевски.
„На 12 април граѓаните ќе изберат напредок, сигурност, безбедност и продолжување по вистинскиот пат. Режим никогаш повеќе“, порача Талевски.