Речиси два месеци после изборот, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажува неспособност и носи одлуки кои се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје, изјави на денешната прес-конференција Стефан Васев од СДСМ.

„СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции.

Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен.

Актерката Јелена Жугиќ со години беше дел од режимот а најпозната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми.

МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура“, посочи Васев.
„Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат.

Наместо работа, реализација на капитални проекти, гледаме дека Арсовска единствено се зафаќа со прекинување на големи и важни проекти за скопјани, со партизација на јавните претпријатија во Скопје.

Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе воведе бесплатен јавен превози и ова не само што не го исполни дури го откажува проектот и за БРТ.

Наместо да мисли како да ги смести кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска да се зафати за работи за доброто на граѓаните на Скопје“, истакна Васев.