Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во текот на вчерашниот ден, по повод Денот на полицијата – 7 Мај објави видео кое, како што, рече го посветува на полициските службеници.
За видео спотот имаше бурни реакции во јавноста, пред се затоа што беше сниман во време на вонредна состојба на државата.
Додека припадниците на полицијата имаат голем обем на работа, Наќе Отсјај повлече 80 полициски возила и стотици полицајци за да снима спот.
А, спотот да бил плагијат! Имено, идејата за спотот соработниците на Чулев ја „украле“ од турското промотивно видео за итната помош. Впрочем, нема никакви разлики!
Погледнете и уверете се и сами.