Викендов започнува програмата на манифестацијата “Крива Паланка -Град на културата”, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.
Претсотјната сабота, 16 март 2024 со почеток во 18 часот ќе се одржи  “Сусурига 2024”, маскенбал и огнено шоу,
нешто ново и несекојдневно. Настан што привлече меѓународен интерес и ќе донесе атрактивна програма за македонската публика.
Идната сабота, 23 март 2024, со почеток во 20 часот е закажан концерт на популарната македонска музичка дива, Каролина Гочева со “Македонско девојче” и Никола Мицевски – со што свечено ќе се отвори манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”.
Во недела, 24 март 2024, точно напладне, е закажана манифестација “Невестинско поклонение”, традиционална, уникатна манифестација што ја негува традицијата од нашиот крај.
– Не дозволувајте другите да Ви раскажуваат, бидете наши гости и уживајте во богатата и разновидна програма за сите генерации.
“Крива Паланка -Град на културата” – култура за сите, се вели во поканата од организаторите.