За неносење на маска, во текот на вчерашниот ден, се регистрирани 465 санкции.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека бројот на прекршоци се однесува за целата територија на земјата и апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.