“Република Словенија денес испорача материјална помош во форма на лична заштитна опрема во вредност од 110.000 евра на Република Северна Македонија со авиони на словенечката армија Турболет Л-410.

Словенија одговори во дух на меѓусебна солидарност на барањето на Северна Македонија, на кое се обрати преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, со цел да се спречи ширењето на СОВИД-19”, стои во објавата на веб страната на Владата на Република Словенија.

Во самиот текст, се нагласува: “….на барањето на Северна Македонија, на кое се обрати преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија“, со што всушност се демантираат информациите дека наводно Мицкоски ја обезбедил оваа хуманитарна донација.